Кредити
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Кредитите се доминантна финансиска услуга со која МРФП ги поддржува микро и малите претпријатија. Пристапот до нив е преку акредитирани финансиски посредници.

Покрај кредитите за микро и мали претпријатија, со финансиските посредници, МРФП ќе истражува можности за развој на нови кредитни продукти. Ова ќе зависи од конкретните потреби и празнини на пазарот на финансиски услуги и можноста МРФП да игра ефективна улога во синергија со своите партнерски финансиски институции.

МРФП останува отворен за нови партнери, посебно оние кои додаваат вредност на мисијата која ја има МРФП. Во претходниот период таков пробив беше направен со вклучувањето на фондацијата Хоризонти и финансиското друштво Фактор труст, кои од една страна обезбедуваат кредити и факторинг за микро клиенти, а од друга страна, како финансиски посредници, обезбедуваат извесна диверзификација за МРФП.

Реализирани активности

Засилената кредитна активност во Македонија, особено во сегментот на корпоративните клиенти, позитивно се одрази и на резултатите на МРФП постигнати во 2016 година во делот на финансиските услуги. Исплатени се кредити во износ од 139,900,717 денари кон 732 клиенти. Кумулативно, вкупно исплатените кредити од почетокот со работа на МРФП до 31.12.2016 г. е над 2,96 милијарди денари (48,1 милион евра) кон 13.620 клиенти, со што се поддржани вкупно 19.839 постојни и 5.653 планирани работни места.

МРФП, заедно со финансиските посредници, прави напори за правична дистрибуција на овие кредити: и жените да бидат корисници на кредит, и претприемачите од руралните подрачја и од подрачјата надвор од скопскиот регион да имаат пристап до кредит... Овие и други развојни индикатори може да се проследат на веб страната на МРФП, во делот за Нашата работа / Финансиски услуги / Кредити / Развојни индикатори.