Студиски посети и обуки
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

seminar-za-rizici-vo-finansiskite-instituciiМРФП заедно со Хрватскиот институт за банкарство и осигурување, во јуни 2012 г. организираа еднодневен семинар за управување со ризици во финансиските институции. Предавач беше д-р Иван Шверко. На обуката учествуваа вкупно 20 лица од различни финансиски институции како:  НЛБ Тутунска банка, НЛБ Пензиски фонд, МБПР, Штедилница Можности, Стопанска банка, Охридска банка, Хабитат Македонија и МАПАС – Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Studiska poseta 2Европската Унија ја обедини помошта што ја обезбедува за земјите кои претендираат да станат нејзини членки во еден инструмент наречен Инструмент за претпристапна помош или ИПА. Инструментот има пет компоненти. Петтата компонента е наменета за рурален развој т.н. ИПАРД, за која Македонија е подобна и веќе го објави првиот повик во декември 2009 г. ИПАРД е новина за македонските земјоделски производители, агро-преработувачите, финансискиот сектор и општата јавност.

600 1B31E1B5BB980E439750B4B0BEE875E3Финансирањето на микро и малите претпријатија во Македонија сеуште претставува еден од клучните фактори кои го лимитираат нивниот развој. Македонија заостанува зад земјите од регионот, посебно тие кои целат кон скорешна интеграција во Европската унија (ЕУ) и во поглед на обемот на финансирањето и во поглед на широчината на инструментите за финансирање.

Holland 27Цел на проектот беше запознавање со искуствата на холандскиот финансиски сектор во поддршката на развојот. Проектот треба да придонесе кон подобрен пристап до финансиски услуги и поддршка на воспоставувањето на соодветна околина за развој на ММП.