Градење капацитети за финансиски услуги
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Низ целиот изминат период, градењето капацитети за финансиски услуги беше битен белег на МРФП. МРФП и понатаму останува посветена на оваа активност затоа што финансиските институции и понатаму се посредници во кредитирањето на малите претпријатија.  За МРФП односот со финансиските институции не е само финансиски, туку тој носи и дополнителни вредности (подобрен капацитет на финансиските посредници значи подобри услуги за малите претпријатија).

Инструментите кои МРФП ги употребува се обуки и студиски посети. Темите, беа и ќе бидат бирани зависно од релевантноста за развој на одреден продукт/услуга на пазарот и соодветно од интересот на финансиските посредници и МРФП.