Нашите цели
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

 

Подобрен е пристапот до финансиски услуги

Финансиските услуги се моќен инструмент во борбата против сиромаштијата. Добрите идеи и посветените претприемачи треба да имаат пристап до потребната финансиска поддршка. Квантитетот, квалитетот, цената и испораката на финансиските услуги треба да бидат еднакво достапни и да одговараат на различните потреби на сите луѓе. МРФП работи на развојот на прифатливи финансиски услуги и подобрување на капацитетот за развој на финансиските институции.

Промовирано е претприемништвото

Претприемништвото подразбира преземање иницијатива и одговорност за сопствениот успех. Перцепциите на граѓаните дека единствено државата е одговорна за социо-економската ситуација и очекувањата дека само таа може да ја подобри треба да се менуваат кон сé понагласена индивидуална одговорност и посветеност за подобрување. Индивидуалниот успех води кон подобрување и на сопствената заедница. Потребно е да се зголеми бројот на лицата спремни да преземат акција и да ја ослободат сопствената креативна енергија. Ова бара поле за натпревар што нема да ограничува, туку ќе им дава еднакви шанси за реализација на сите идеи и иницијативи. Потребно е понатамошно развивање на пазарната економија и доследно почитување на пазарните принципи. Поддржувачкиот амбиент е предуслов за развој на бизнисите.

Иновациите се вклучени во главните текови 

Сé поголем број земји, долгорочниот успех го базираат на знаење. Европската унија во Лисабонската агенда одлучи да изгради најконкурентна економија базирана на знаење, промоција на економски раст, поттикнување на конкурентност и создавање на работни места. Оттука, иновациите треба да бидат сé поприсутни. Постојано треба да се истражува дали работите можат да се направат поинаку и подобро и уште повеќе дали може да се биде прв во новите работи.

Развиени се партнерства за развој

Во свет на меѓузависности, индивидуалните акции треба да бидат здружени за заедно да се постигне повеќе. МРФП ќе гради партнерства со останати засегнати страни за реализација на заедничките цели. Кохезијата на напорите може побрзо да доведе до целната социјална кохезија.

Третата и четвртата цел се вклучени низ сите активности на МРФП.

Обезбеден е институционален и организациски развој на МРФП

Реализацијата на претходно споменатите цели бара институционален и организациски интегритет и развој на МРФП. Тоа подразбира ефикасни системи и процедури, посветени и професионални човечки ресурси и стабилни извори на финансирање.