Нашата визија и мисија
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

 

Визија

Визијата на МРФП е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија.

 

Мисија

Мисијата на МРФП е поддршка на развојот на малите претпријатија.

 

Целна група

Целна група на МРФП се мали претпријатија. Под мали претпријатија (МП) се подразираат претпријатијата кои според бројот на вработени се дефинираат како микро претпријатија (до 10 вработени и земјоделци), мали (50 вработени) и во одредена мерка и средните (до 250 вработени).

До крајот на 2016 година МРФП ќе опфати 4,572 нови мали претпријатија или околу 7% од сегашниот број на микро и мали претпријатија во Македонија.

Директните клиенти на МРФП се акредитираните посредници вклучени во испорака на финансиски услуги, како и организации на претприемачи со кои развива партнерства за промоција на претприемништво.

 

Целно подрачје

МРФП делува на територијата на Република Македонија со посебен фокус во регионите надвор од Скопје и руралните области. МРФП ќе продолжи да делува и надвор до земјата со цел да го пренесе долгорочното искуство. Овој пристап ќе се примени ако средствата се обезбедени за таа цел (грантови од ЕУ или други донатори).

 

Резултати

Очекувани резултати се:

  1. Развиени прифатливи финансиски услуги
  2. Промовирано претприемништво
  3. Мобилизирани фондови за финансирање на активностите на МРФП
  4. Внатрешни подобрувања на МРФП.