Совет на МРФП
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Советот на МРФП е највисок орган за општо управување и надзор на МРФП. Членови на Советот, со мандат од 2016-2020 година, се:

  1. Анастасовски Горан, дипломиран економист. Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Клириншката куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје - КИБС АД Скопје. Член е во повеќе тела и организации меѓу кои и Македонската берза на хартии од вредност АД Скопје.
  2. Анѓушев Кочо, доктор на технички науки. Сопственик е на неколку компании, како Фероинвест, ЕФТ Македонија и Брако и редовен професор на Машински факултет. Членува во неколку тела и организации, меѓу кои и Интернационална федерација на машински механизми.
  3. Габер-Дамјановска Наташа, правник како и доктор на политички науки. Избрана е за уставен судија во 2008 година додека претходно работела како научен советник на истражувања од правната и политиколошката област.
  4. Данилов Влатко, магистер по финансиски менаџмент. Директор е на Басме КТ со долгогодишно искуство како консултант. Претседател е на професионалното здружение на консултанти МКА-2000. [LinkedIN]
  5. Етеми Фатмир, дипломиран биолог. Во периодот од 1998 до 2002 извршува функцијата пратеник во Собранието на Р.Македонија. Директор е на ЗСФ КОМ. Член е на УО на Стопанската комора на северо-западна Македонија. [LinkedIN]
  6. Зарков Александар, дипломиран земјоделски инженер. Од 2006 година работи во Сојуз на стопански комори на Македонија, а од 2017 на позиција извршен  директор. Член на повеќе тела и организации, меѓу кои и Меѓуресорска група за претприемачко учење, Комитет за следење на ИПАРД и многу други. [LinkedIN]
  7. Зендели Касам, дипломиран економист. Сопственик е на компанијата Еко-Шар и член е на управен одбор на СКСЗМ.
  8. Клековски Сашо, доктор е по медицина. До 2011 година работи во МЦМС на позиција Прв извршен директор. Членува во повеќе тела и организации, меѓу кои и Заедничкиот консултативен комитет на Европскиот економски и социјален комитет.
  9. Костов Зоран, доктор на комуниколошки науки. Извршен директор е на Хабитат Македонија. Претседател е на УО на Штедилница Можности.
  10. Кржаловски Александар, дипломиран електроинженер. Од 1995 година работи во МЦМС, а од 2011 година ја извршува функцијата на прв извршен директор во МЦМС.  Членува во повеќе тела и организации. [LinkedIN]
  11. Мартиновски Драган, дипломиран економист. Главен извршен директор е во МБПР. Членува во управните одбори на Хоризонти и Развојна фондација Кримсон.
  12. Мојсоска – Блажевски Никица, доктор на економски науки. Професор е и декан на Факултет за деловна економија и организациски науки во УАЦС. Претходно била раководител на сектор за макроекономска и развојна политика во Министерство за финансии на РМ. Член е и истражувач во неколку тела и организации.
  13. Поповска Јасмина, магистер e по економски науки. Од 2013 година е именувана за Директор на Фонд за иновации и технолошки развој. Членува и учествува во работата на различни институции и групи поврзани со креирање на политики од областа на иновациите и претприемништвото, меѓу кои Комитет за иновации и претприемништво.
  14. Поленаковиќ Радмил, доктор на технички науки. Работи како редовен професор по предметите претприемништво и менаџмент на мал бизнис на Машински факултет при УКИМ. Членува во повеќе тела и организации, меѓу кои и Европска академија на науки и уметност.
  15. Рајевски Љубе, дипломиран економист. Член на Управен одбор на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје со 30 годишно искуство во развој на финансиски услуги и банкарство.

sovet na mrfp 1sovet na mrfp 2

 

  1. Анастасовски Горан
  2. Анѓушев Кочо
  3. Вртески Јане
  4. Габер-Дамјановска Наташа
  5. Даути Џемал
  6. Зендели Касам
  7. Клековски Сашо
  8. Костов Зоран
  9. Кржаловски Александар
  10. Мартиновски Драган
  11. Мартиновски Зоран
  12. Лазарев Стојан
  13. Мојсовска – Блажевски Никица
  14. Поленаковиќ Радмил
  15. Рајевски Љубе
  16. Чекреџи Мирче
  1. Али Чупи Реџеп
  2. Бајрактар Абдураим
  3. Вртевски Јане
  4. Габер-Дамјановска Наташа
  5. Кадриу Газменд
  6. Касам Зендели
  7. Костов Зоран
  8. Крлиу Венера
  9. Лазарев Стојан
  10. Мартиновски Зоран
  11. Митревски Иван
  12. Поленаковиќ Радмил
  13. Попсимонова Гордана
  14. Рајевски Љубе
  15. Тасевски Томче
  16. Чекреџи Мирче