ЧПП
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

 

Македонската развојна фондација за претпријатија (во понатамошниот текст: МРФП) е фондација регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации.
Мисијата на МРФП е поддршка на развојот на малите претпријатија. За повеќе информации за работата на МРФП посетете ја нашата веб страница, во делот За нашата работа.
МРФП се воспостави како резултат на соработката на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Владата на Кралството Холандија во 1998 година. МРФП е регистрирана во Регистарот на здруженија и фондации на 25.11.1998 година како прва регистрирана фондација согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нас.
Визијата на МРФП е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија. Долгорочните цели на МРФП се: подобрен пристап до финансиските услуги; промовирано претприемништво, иновации вклучени во главните текови, развиени партнерства за развој; и обезбеден институционален и организациски развој на МРФП. За повеќе информации околу целите, посетете ја нашата веб страница, во делот За нас.
Основач на МРФП е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). МЦМС како основач на МРФП, преку членовите во Советот на МРФП избрани по предлог на МЦМС, има посебни права утврдени со овој Статут при одлучување за донесување, измена и дополнување на Статутот, на генералната политика и стратегија, како и за статусни промени и престанок на МРФП.
Приходите на МРФП во 2015 година изнесуваа 37,3 милиони МКД, а расходите 18,4 милиони МКД. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нашата работа, Годишни извештаи.
МРФП стекнува и прибира финансиски средства од: основачки влог; донации; прилози, подароци и завештанија; вршење сопствена дејност; заеми; камати; и приходи од инвестиции и хартии од вредност. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нашата работа, Годишни извештаи.
Средствата на МРФП се употребуваат за спроведување на целите на МРФП. На пример, во текот на 2015 година исплатени се кредити во износ 204 милиони денари кон 1.058 клиенти. Кумулативно, вкупно исплатените кредити од почеток со работа на МРФП до 31.12.2015 г. е над 2,8 милијарди денари (45,8 милиони евра) кон 13.057 клиенти, со што се поддржани вкупно 19.092 постојни и 5.165 планирани работни места. Исто така, МРФП ги поддржува и организациите на претприемачите како што се Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ). Со финансиска поддршка од Европската комисија и други донатори, МРФП спроведува низа активности кои придонесуваат за промоција на претприемништвото. МРФП од 2008 г. до денес, го спроведува и финансира најголемото истражување на претприемништвото во светот – ГЕМ и во Македонија.
МРФП е организирана во извршна канцеларија, која е одговорна за раководните, како и за стручните и административните работи, односно ги води секојдневните работи, поддршката на органите на МРФП и спроведувањето на политиката и програмите одобрени од органите на МРФП. Извршната канцеларија ја сочинуваат извршниот директор, раководните лица и потребниот број соработници, вработени во МРФП. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нас, Нашата структура.
Персоналот го води лидер на тимот, во функција на извршен директор. Извршниот директор на МРФП е именуван од Одборот на старателите. Во моментов, на таа функција е избрана Тетјана Лазаревска.
Седиштето на МРФП е во Скопје. Адресата е: ул. „Никола Парапунов“ 41А, п.фах 109, 1060 Скопје. Тел.02/3088-988; факс: 02/3088-989.
Да, има. МРФП за потребите на програмата Економски активности на Косово, што е поддржана од Европската комисија регистрираше своја канцеларија во Пеќ, Косово. Адресата на канцеларијата е Mbreti Bardhyl C-31, Peja/Pec, Kosovo. За повеќе информации посетете ја нашата веб страница, во делот За нашата работа.
Највисок орган на МРФП е Советот, кој брои 15 члена. Советот го избира Одборот на старатели кој е орган на општо управување и надзор на МРФП. Одборот на старатели брои 7 члена. Мандатот на овие органи е четири години, со право на два повторни избори. За повеќе информации (актуелни членови на органите) посетете ја нашата веб страница, во делот За нас, нашата структура.