Огласи
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Повик бр. 4/ЗАМ/2018 за пријавување интерес за развој на земјоделски задруги // Техничка поддршка – прва фаза

Почитувани,

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, Ве поканува да учествувате на „Повикот за пријавување интерес за развој на земјоделска задруга“.

Генералната цел на поддршката е подобрен и конкурентен земјоделски сектор преку зајакнување на капацитетите на земјоделските задруги. Специфичната цел на поддршката е зголемена продуктивност и зголемени економски резултати преку поддршка за развој на земјоделски задруги.

Право на учество имаат сите земјоделски задруги регистрирани во надлежниот регистар на земјоделски задруги.

Рокот за доставување пријави е 15.10.2018 г. до 16.00 часот.

Инструкциите и обрасците за аплицирање може да ги подигнете во просториите на Македонската развојна фондација за претпријатија – МРФП или од веб-страницата www.zadrugi.mk (објавени како прилог под овој текст).

Пријавите се поднесуваат на следната адреса: Македонска развојна фондација за претпријатија, ул. „Никола Парапунов“ бр. 41a, 1060 Скопје, со назнака „За повик бр. 4/ЗАМ/2018“.

Оваа постапка за избор се спроведува во рамките на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.