Огласи
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

h

Агенцијата за вработување на Република Македонија во рамки на постојната имплементација на проектот „Поддршка за вработување на млади“ финансиран од ЕУ, објавува ЈАВЕН ОГЛАС за регистрирани невработени лица заинтересирани за учество во „Обука и советување за претприемништво“.Агенцијата за вработување на Република Македонија во рамки на постојната имплементација на проектот „Поддршка за вработување на млади“ финансиран од ЕУ, објавува ЈАВЕН ОГЛАС за регистрирани невработени лица заинтересирани за учество во „Обука и советување за претприемништво“.

Се повикуваат сите невработени лица, регистрирани како активни баратели на работа, на возраст до 29 години, со завршено минимум средно образование, да земат учество во:

  • Обука и советување за претприемништво (за 950 лица)

Обуката ќе им овозможи на 950 лица да се стекнат со потребното знаење од областа на претприемништвото, и да изработат бизнис план за успешно самовработурање.Обуките и советувањето за претприемништво, ќе се имплементираат од страна на избрани тренинг провајдери на целата територија на државата.

 

Постапка за аплицирање

Сите заинтересирани невработени лица, регистрирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа, на возраст до 29 години, кои се заинтересирани за учество на оваа обука, можат да пополнат Апликација за учество во Агенцијата за вработување и/или Центрите за вработување низ државата.Секој кандидат, за да може да учествува на обуките треба да ги исполни следниве критериуми:

  • Да е на возраст до 29 години
  • Да е регистриран во Агенцијата за вработување како активен барател на работа
  • Да има завршено најмалку средно образовани
  • Да има изјавено во Индивидуалниот план за вработување (ИПВ) дека сака да учествува во Подготовка за вработување 

Крајната селекција на учесниците на обуката ќе биде извршена од страна на Евалуациска Комисија врз основа на погоре наведените критериуми, формирајќи ранг листа на сите одобрени кандидати.

Доколку бројот на заинтересирани лица за учество во оваа обука го надмине планираниот број на учесници, приоритет ќе им се даде на невработените лица кои подолго време се регистрирани како невработни лица во Агенцијата за вработување. 

Лицата кои досега не учествувале во вакви обуки, се охрабруваат да се пријават за учество.Агенцијата за вработување ги охрабрува сите невработени лица на возраст до 29 години, со завршено најмалку средно образование, од различен пол, националност и културна припаност да аплицираат со цел го подобрат своето знаење од областа на претприемништвото, и да изработат бизнис план за самовработурање. Лицата од малцинските групи, како и лицата со посебни потреби се охрабруваат да аплицираат.

Агенцијата за вработување го задржува правото да ги одбие кандидатите кои не ги исполнуваат потребните критериуми.

 

Краен рок за аплицирање

Заинтересираните невработени лица на возраст до 29 години, регистрирани како активни баратели на работа, со завршено најмалку средно образование, можат да поднесат апликација за учество учество во Агенцијата за вработување и/или 30 – те Центри за вработување, секој работен ден од 8:30 до 16:30.

Апликациите на учесниците ќе се евалуираат просечно еднаш месечно. Јавниот повик ќе биде отворен до исполнување н вкупно планираниот број на лица за оваа мерка (950 учесници).

Секое невработено лице избрано да учествува на оваа обука, ќе попише Договор за учество во обука.

Лицата кои успешно ќе ја завршат обуката ќе добијат Сертификат за учество на обука и изработен Бизнис план со кој ќе можат директно да учествуваат во програмата за самовработување. 

Активностите на проектот директно придонесуваат во постигнување на целите од Оперативниот план за активни мерки на пазарот на трудот за 2017 година. 

Јавниот оглас е објавен и на следните веб страни: 

  • Агенција за вработување: www.avrm.gov.mk
  • Министерство за труд и социјална политика: www.mtsp.gov.mk

Повеќе информации можете да добиете и на телефонскиот број: 02 3088972

f