Вести и јавност
pngГлобално истражување за претприемништвоpatПат кон кариераОпштествена одговорност на претпријатијаDear West

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) спроведе шест дво-дневни обуки за финансиско знаење наменети за земјоделци. На обуките им бea презентирани теми од областа на управување со личните финансии и организациските парични средства, одредување на цена на чинење на нивните производи и пресметување на прагот на рентабилност, принципи на одговорно позајмување и штедење. Дополнително беа опфатени и теми за осигурување во земјоделието и за задругарството, кои беа од особен интерес за оваа целна група.

На обуките учествуваа земјоделци чија примарна дејност им е: овоштарство, лозарство, одгледување на радноградинарски производи, сточарство или пчеларство.

Идентификацијата и мотивацијата на земјоделците од повеќе региони во земјата, беше направена од страна на Здружението на земјоделци Агро Фаланга од Велес.

Досега вкупно се спроведени петнаесет дво-дневни обуки за финансиско знаење со кои покрај земјоделците беа опфатени и студенти, претприемачи и лица кои планираат да започнат со бизнис активности.

Обуките се дел од проект „Инклузија и иновација во микрофонансирањето" финансиран од УСАИД, спроведуван од Сојузот на микрофинансиски организации како главен спроведувач на проектот и МРФП, Штедилница Можности, Микрокредитна фондација Хоризонти и Штедилница ФУЛМ како под-спроведувачи на проектот.

Veles 6 7 Mart 2017god Ohrid 14 15 Mart 2017god
Велес, 6-7 март 2017 г. Охрид, 14-15 март 2017 г.
Prilep 21 22 Mart 2017god Kavadarci 28 29 Mart 2017god
Прилеп, 21-22 март 2017 г. Кавадарци, 28-29 март 2017 г.
Gostivar 4 5 April 2017god Bitola 23 24 April 2017god
Гостивар, 4-5 април 2017 г. Битола, 23-24 април 2017 г.